Мадуро: Не ме плашат санкциите од САД

01.08.2017 09:53

Американското Министерство за финансии го означи Мадуро како диктатор кој претставува опасност за демократијата во Венецуела и воведе санкции, со кои се замрзнува неговиот имот во САД.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави, дека и покрај американските санкции тој не планира да се откаже од плановите за Уставотворното собрание и од борбата против непријателите.

Како непријатели ги посочи независните новинари и вооружените мажи испратени од соседна Колумбија за да го нарушат гласањето како дел од меѓународен заговор раководен од Доналд Трамп.

Американското Министерство за финансии го означи Мадуро како диктатор кој претставува опасност за демократијата во Венецуела и воведе санкции, со кои се замрзнува неговиот имот во САД.

Санкциите предвидуваат и забрана за преговарање на американски претставници со претседателот на Венецуела.