Џонсон: Венецуела е на раб од катастрофа

01.08.2017 10:35

Џонсон рече дека владата на Мадуро мора да се запре пред да биде доцна.

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон предупреди дека Венецуела се наоѓа на „раб на катастрoфа“ откако претседателот Мадуро доби поголеми овластувања.

Џонсон рече дека владата на Мадуро мора да се запре пред да биде доцна.

Според него резултатите од изборите се „сомнителни“.