Македонија кодомаќин на средбата на Пенс со членките на Јадранската повелба
Македонскиот премиер во пресрет на Самитот во Подгорица, истакна дека на средбата со потпретседателот Пенс ќе ја нагласи решеноста на Владата за спроведување на неопходните реформи за евроатлантска интеграција и ќе побара поддршка од САД и од другите земји членки на НАТО за прием на Македонија во Алијансата.

Утре во Подгорица ќе се одржи состанок на земјите членки и на државите набљудувачи на Јадранската група, чиј кодомаќин заедно со Црна Гора е Република Македонија.
Владината делегација ќе ја предводи премиерот Заев. На Самитот ќе учествува и американскиот потпретседател Мајк Пенс. Се очекува да ја нагласи посветеноста на САД за Западниот Балкан и да го подвлече значењето на политичките реформи и владеењето на правото.
Македонскиот премиер во пресрет на Самитот во Подгорица, истакна дека на средбата со потпретседателот Пенс ќе ја нагласи решеноста на Владата за спроведување на неопходните реформи за евроатлантска интеграција и ќе побара поддршка од САД и од другите земји членки на НАТО за прием на Македонија во Алијансата.
Македонија, заедно со Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина е членка на Јадранската група, а Србија, Косово и Словенија имаат статус на земји набљудувачи.
Јадранската повелба е формирана под покровителство на САД во 2003-та година, со цел координација на активностите за поддршка на земјите аспиранти за членство во НАТО.
