Земјотрес од 5,3 степени според Рихтер во близина на Крит
01.08.2017 11:13
Епицентарот бил на околу 43 километри од јужното крајбрежје на Крит, на длабочина од 16 километри.

Земјотрес со сила од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска бил регистриран во Средоземно Море, крај брегот на грчкиот остров Крит.
Епицентарот бил на околу 43 километри од јужното крајбрежје на Крит, на длабочина од 16 километри.
Засега нема информации за настрадани лица или штета, ниту за опасност од цунами.
