Колумбија: Почна преместувањето на оружјето на бунтовниците
Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос изјави дека операцијата за преместување на оружјето го означува крајот на прекинот на огнот, кој почна во јуни 2016 година.

ОН почнаа со преместување на контејнерите со над 7.000 парчиња оружје од зоните за демобилизација, каде што биле предадени од поранешните борци на најголемата бунтовничка организација во Колумбија.
Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос изјави дека операцијата за преместување на оружјето го означува крајот на прекинот на огнот, кој почна во јуни 2016 година.
Околу 7.000 членови на револуционерните вооружени сили на Колумбија на крајот на јуни завршија со предавање на своето лично оружје.
Во вооружениот конфликт во Колумбија, што траеше над 50 години, животот го загубија најмалку 250.000 лица, додека 60.000 се водат како исчезнати.
