Раскажувања на преживеаните Илинденци од Смилево
Да си од славното Смилево значи да си поблиску до Илинденските случувања да си поблиску до животот на храбрите Илинденци. 80- годишните просветни работници во пензија, смилевчаните Ристо Марушевски и Петар Лимбарковски презадоволни се што во младоста имале можност изворно да ги слушаат преданијата на преживеаните смилевски Иленденци.

За животот и делото на славните смилевски Илинденци и денеска има живи раскажувачи. „Искажувањата на преживеаните Илинденци од Смилево“ е само еден од натписите со кои располагаат просветните работници во пензија Ристо Марушевски и Петар Лумбарковски. Во предвечерието на големиот празник ги враќаат мислите децении наназад на местото каде изворно ги слушале преданијата од преживеаните Илинденци.
„Често беше кога селаните и преживеаните Илинденци со шише ракија пред нив дискутираа за Илинденските случувања и обично се береа пред спомениците“, вели Ристо Марушевски.
Најчесто се споменувал ликот на Даме Груев. Големиот македонски идеолог, по доаѓањето за егзарски учител во Смилево, освен што работел на револуционерната мисла, направил голем чекор во описменувањето и на повозрасните.
„Младиот учител покрај редовнота учителска работа отворил и прво вечерно училиште за возрасни. Тоа училиште работело скоро секоја вечер, а интересот бил преголем“, вели наставнилот по историја во пензија Петар Лумбарковски.
Настан по кој локалната меана останувала празна. Наскоро приврзаник станува и сопственикот Ѓорѓи Чуран, за потоа да стане и првиот војвода што го заштитувал главниот штаб, демантирајќи ги гласините дека во нивната куќа се одржал Смилевскиот конгрес.
„Ѓорѓи Чуранов се вратил по два саати од посетата на вечерното училиште. На враќање повторно го сретнал соседот и му рекол- како не знаев и јас порано да почнам“, раскажува Петар Лумбарковски.
„И самиот потврдува дека Конгресот е одржан во куќата на Коле Коштре- велел, не била случајно одбрана, во една од одаите ималу ископан тунел долг на десет метри и поврзан со блиската корија“, вели Ристо Марушевски.
Историчарите сметаат дека Илинденската епопеја промовирала и некој од принципите на Обединетите нации. Силна била порката кога била запалена куќата токму на горскиот началник Чуранов.
„Чуранов започнал да ја пее песната- Не сакаме пари, не сакаме големи богатства туку слобода и правдини, принцип кој и денеска се состои во начелата на Обединетите нации“, вели претседателот на здружението „Даме Груев“, Ристо Грујоски.
Грујоски вели дека сознанијата се од исклучително значење за здружението кое според статутот има задача перманентно да врши темелно проучувањње на Илинденската револуција.
Стевче Митревски
