Сѐ уште активен пожарот кај село Требовље

01.08.2017 12:51

Причината за пожарот уште не е утврдена, но сите показатели укажуваат на човечки фактор и подметнување. За пожарите во Поречието синоќа расправаше и владата.

Шумата кај селото Требовље, општина Македонски Брод, уште гори, но дел од евакуираните жители почнале да се враќаат во домовите откако е намалена опасноста пожарот да ги зафати куќите. Армијата ископала канали околу селото за да го спречи ширењето на огнот.

Причината за пожарот уште не е утврдена, но сите показатели укажуваат на човечки фактор и подметнување. За пожарите во Поречието синоќа расправаше и владата.

Во гасењето се ангажирани два хеликоптера на АРМ и два пешадиски вода од Кичевскиот баталјон на Армијата. Поради пожарите беше свикан и управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи во кој членуваат владините министри за одбрана, внатрешни работи, транспорт и врски и здравство, како и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.