Заев ќе претседава на Самитот на Јадранската повелба

01.08.2017 13:49

На Самитот со кој ќе претседава премиерот Заев, во име на земјата претседавач Република Македонија, ќе учествува и потпретседалот на Соединетите американски држави, Мајкл Ричард Пенс.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев е кодомаќин, заедно со премиерот на Република Црна Гора Душко Маровиќ, на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, што на 2 август ќе се одржи во Подгорица, соопшти владината прес-служба.

На Самитот со кој ќе претседава премиерот Заев, во име на земјата претседавач Република Македонија, ќе учествува и потпретседалот на Соединетите американски држави, Мајкл Ричард Пенс.

Делегациите на земјите членки на Јадранската повелба ги предводат премиерите на Албанија, Еди Рама, на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ и Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, како и на земјите набљудувачи, Србија, со премиерката Ана Брнабиќ, Косово со премиерот Хашим Тачи и Словенија со премиерот Миро Церар.

Во составот на делегацијата на Република Македонија се заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, заменик претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лик,министерот за надворешни рабти Никола Димитров и пратеникот Стево Пендаровски.