СДСМ: Повикот за бојкот создава тензии и поделби
ВМРО-ДПМНЕ ниту смее, ниту може да им сугерира на граѓаните дали и како да го чествуваат празникот кој е длабоко врежан во историјата на нашата заедничка Република Македонија, реагираа од СДСМ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повика своето членство да не присуствува на одбележувањето на прославите за Илинден што ги организира владата на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ ниту смее, ниту може да им сугерира на граѓаните дали и како да го чествуваат празникот кој е длабоко врежан во историјата на нашата заедничка Република Македонија, реагираа од СДСМ.
Оние кои лажно повикуваа на четврти Илинден, решија да го бојкотираат чествувањето токму на Илинден и на 2-ри август, со што го погазуваат вековниот стремеж за слободна и независна Македонија.
Одбележувањето на 2-ри август е заедничка вредност на сите граѓани на Република Македонија без разлика на нивната партиска, етничка или религиска припадност, стои во дописот од СДСМ.
