ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната влада- главен фактор на поделби

01.08.2017 13:57

Поделби и раздор во општественото ткиво прави единствено СДС, со нивната пракса на игнорантско однесување кон граѓаните кои не се согласуваат со нивните политики, и со навреди, омаловажувања и потценувања на народот.

Неспособната влада на СДС е главниот фактор на поделби помеѓу граѓаните. СДС и покрај обидите за замајување на јавноста, со ништо не може да го прикрие фактот дека потпишува договори кои немаат поддршка меѓу народот и стручната фела и кои не одат во прилог на интересите на граѓаните на Репулика Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поделби и раздор во општественото ткиво прави единствено СДС, со нивната пракса на игнорантско однесување кон граѓаните кои не се согласуваат со нивните политики, и со навреди, омаловажувања и потценувања на народот.

Затоа ќе им следи политичка одговорност и тоа многу брзо, стои во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.