Пукање во суд во Москва, има повредени
01.08.2017 14:48
Адвокатка во судот изјавила дека слушнала истрели и дека повредени биле вработени во судот. Според нејзините зборови одекнале најмалку 20 истрели.

Руската агенција РИА Новости пренесе дека одекнале истрели во Регионалниот суд во Москва, при што има и повредени луѓе. Адвокатка во судот изјавила дека слушнала истрели и дека повредени биле вработени во судот. Според нејзините зборови одекнале најмалку 20 истрели.
Според неофицијални информации, најмалку две лица биле повредени. Зградата била евакуирана, а сите состаноци и судења откажани. РИА Новости додава дека за денес во тој суд бил закажан почетокот на судењето во случајот „ГТА Банда“ која делувала во Москва.
Не е познато дали судењето било поврзано со пукањето.
