Пожарот кај Требовље е локализиран
Ангажирани хеликоптери на АРМ и на Дирекцијата за заштита и спасување. Армијата ископала канали околу селото за да го спречи ширењето на огнот.

Шумата кај селото Требовље, општина Македонски Брод, уште гори, но дел од евакуираните жители почнале да се враќаат во домовите откако е намалена опасноста пожарот да ги зафати куќите. Ангажирани хеликоптери на АРМ и на Дирекцијата за заштита и спасување. Армијата ископала канали околу селото за да го спречи ширењето на огнот.
Во Требовље изгореа околу 300 хектари, а дејствуваме со околу 82 припадника на ДЗС и два хеликоптера. Беа присутни територијалните противпожарни единици од осум града. Во пожарот учествуваа и 20 припадници на Македонски шуми, а имаше и десетина од локалната самоуправа, рече Салиу и додаде дека помош добиле и од 60 припадници на Армијата на Република Македонија.
Директорот на ДЗС обвини дека вчерашниот пожар во Требовље се проширил поради неодговорното однесување на десетината лица ангажирани од локалната самоуправа кои се повлекле од договореното место каде што требало да го пресретнат пожарот со образложение дека биле договорени да помогнат до 12 часот дента.
Причината за пожарот уште не е утврдена, но надлежните се сомневаат на човечки фактор.
