МРТ со награди за најдобрите

13.02.2014 17:09

На манифестација ќе им се оддаде признание на личностите кои со нивните заложби, достигнувањата, инвентивноста и одговорностите ги потврдиле националните и човечките вредности...

Најдобрите коишто ги избира Македонската радио-телевизија овде во МНТ в недела ќе бидат наградени. Оваа година стартува манифестацијата „ МРТ за најдобрите“ со тенденција да прерасне во традиција.
На манифестација ќе им се оддаде признание на личностите кои со нивните заложби, достигнувањата, инвентивноста и одговорностите ги потврдиле националните и човечките вредности.
 
„Оваа година се решивме признанијата и  наградите да бидат од ревијално значење. За разлика од оваа, следната година ќе има стрикни критериуми по кои ќе се доделуваат наградите и признанијата“, рече Диме Ратајкоски, главен и одговорен на Првиот програмски сервис.
 
„МРТ за најдобрите“ е креирана според критериумите на новинарите од различни сектори од секојдневното работење во минатата година.
 
„Македонската радио-телевизија со оваа манифестација всушност сака само да им оддаде признание, меѓутоа за сето ова да стане еден вид мотив повеќе за сите нас, веќе во следната година да се закитат со ласкавото признание“, вели Каролина Петковска, главен и одговорен уредник на Забавната програма.
 
Вечерта посветена на најдобрите ќе биде збогатена со изведба на познати естрадни и уметнички имиња. На сцената ќе биде и Биг бендот на Македонската радио-телевизија.
 
Ана Јосифоска