Состојбата со Хантан вирусот под контрола
Министерот за здравство тврди дека ја контролираат состојбата со вирусот Хантан. Анализите покажале дека осумтемина хоспитализирани немаат хеморагична треска. Резултатите се негативни. На инфективната клиника е примен уште еден пациент...

Состојбата со Хантан вирусот во гостиварското село Симница е под контрола - велат здравствените власти. Освен двајцата починати, останатите осумтемина пациенти хоспитализирани на инфективната клиника, немале хеморагична треска. Лабораториските резултати биле негативни. „Пациентите ќе бидат пуштени дома, бидејќи немаат никакви симптоми“- соопшти министерот по завршувањето на службеното патување во Америка.
„Сите осум пациенти, со последните резултати на испитувањата на антитела во крв се негативни. Сите ќе бидат пуштени дома, бидејќи немаат никакви симптоми и знаци. Само еден пациент кој што е примен вчера, исто така од село Симница и кај кој има одредени симптоми, мора да се почека 7- 8 дена за да се направат крвни испитувања за да се докаже дали постојат такви антитела. Меѓутоа пациентот нема симптоми кои се поврзуваат со треска, освен што има црвенило во грлото“, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.
Надлежните велат - преземени се сите мерки за спречување на пренос на вирусот, направена е комплетна дератизација и дезинфекција во селото и на бачилото. Човекот може да се зарази со директен контакт со секретите на глувците, како и преку конзумирање загадена храна или вода.
„Сите мерки кои се потребни за спречување, за редукција на бројот на глодарите, за воспоставување контакт меѓу глодарите и луѓето се превземени. Презенеми се сите мерки за трансфер на вирусите на човекот, ова е единствен начин на пренос“, рече д-р Звонко Миленковиќ, директор на Клиниката за инфективни болести.
Во врска со разрешувањата на директори на клиники, Таравари изјави дека неговиот заменик избрал со информацијата дека во еден ден ќе бидат разрешени 33-ца директори на здравствени институции. Рече дека промената ќе се врши постепенено. Потпишание се решенија за тројца нови први луѓе во општата болница во Прилеп и Струмица и на болницата за белодробни заболувања во Лешок. Нов раководител има и Клиниката за ортопедија.
Андријана Атанасовска
