Расправа во Собранието за предлог-нацрт стратегијата за интеграција на бегалци и странци

01.08.2017 16:51

Во македонското Собрание- јавна расправа за предлог- нацрт стратегијата за интеграција на бегалци и странци и за акцискиот план...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа итно да се повлечат стратегијата и акцискиот план за бегалци предложен од ресорот труд и социјална политика за период од десет години. Велат дека приоритет за Владата на Зоран Заев треба да бидат државјаните на Република Македонија, а не странците. 

Од Министерството за труд и социјална политика посочија дека со овој документ се става акцент на привремената интеграција на бегалците и обезбедување на социјална и здравствена заштита за нив.

Од Невладиниот сектор сметаат дека прво треба да се подготват материјали со конкретни мислења, предлози и забелешки по однос на работниот текст на стратегијата, а потоа да се води дебата по финалното решение.

Во нацрт стратегија се предвидени мерки за интеграција на бегалците и странците од областа на социјалната заштита, образованието, домувањето вработувањето и се посочени модели за здобивање на правото на азил, државјанство или статус на бегалец.  

 

Игор Панов