Русите и натаму главни уметници
Продолжуваат елргантно по златната олимписка патека, Русите.

Вчера, еден-два победа во уметничкото лизгање во спортските двојки за домаќините на 22-те Олимписки игри во Сочи.
Златото блесна на градите на Татиана Волсозар и Максим Транков, среброто кај нивните наследници Ксениа Столбова и Фјодор Климов. Вчера бевме сведоци на европски подиум, кој го комплетираа германците Алона Савченко и Робин Салкови, повторувајќи си го успехот од пред 4 години во Ванкувер.
Беше тоа фантастична вечер исполнета со различни чувства, солзи радосници за златото, солзи на тага за бронзата. Дојдоа германците по злато во Сочи во последниот нивен обид за златниот сон кој остана неотсонуван.
По 10 олимписки игри повторно пиедесталската доминација е европска, а за прв пат 10 олимписки игри нема американци на подиумот.
