Силна поддршка за членство во НАТО
Преку претседавањето со Јадранската Повелба во Подгорица, Црна Гора, на оваа регионална и северноаатлантска иницијатива за интеграција во НАТО, се изедначува можноста Македонија конечно да се зачлени во овој политичко-безбедносен клуб. Аргумент повеќе е и средбата на премиерот Зоран Заев со американскиот потпретседател Мајкл Пенс...

Македонија доби силна политичка поддршка, пред се американска, како дел од Западен Балкан за полноправно членство во Северноатлантската Алијанса. Преку претседавањето со Јадранската Повелба во Подгорица, Црна Гора, на оваа регионална и северноаатлантска иницијатива за интеграција во НАТО, се изедначува можноста Македонија конечно да се зачлени во овој политичко-безбедносен клуб. Аргумент повеќе е и средбата на премиерот Зоран Заев со американскиот потпретседател Мајкл Пенс, кадешто е посочена неопходноста преку преземените реформи, земјата да ја оствари стратегиската цел, да се интегрира во НАТО.
Според Заев, Македонија е на вистинскиот пат бидејќи се преземаат активности за реализација на програмата 3-6-9, но пред се во владата се надеваат и на разборитост кај јужниот сосед за деблокирање на евроатлантските интеграции. За ова е информиран и американскиот потпретседател, како и за намерите да се зголемува буџетот за одбраната за 0,2% годишно, но и да расте бројноста на македонските мировници од 10 до 20 насто. САД ќе работи со секоја земја поединечно од Западниот Балкан да ги достигне заедничките вредности и принципи за членство на земјата во во НАТО. Пораката на американскиот претседател Трамп ја пренесе лично заменик Мајкл Пенс кој посочи и дека се остварува стратегијата за уништување на ИСИС. Притоа директно им се заблагодари на Македонија, Албанија и Косово за неодамнешните заеднички активности во борбата против тероризмот.
Премиерот Заев упатил покана до потпретседателот Пенс за посета на Македонија, а на конференцијата за новинарите по завршувањето на самитот на Јадранската Повелба укажа- нема закани за стабилноста на нашата земја.
Зоран Богатинов- специјален известувач од Подгорица за МРТ
