Медведев: Новите санкции ги поткопаа надежите за подобри односи со САД
Медведев на Фејсбук напиша дека администрацијата на Трамп демонстрирала целосна слабост откако извршната власт ја предала во рацете на Конгресот на најдеградирачки начин. Тој додаде дека на Русија ѝ е објавена трговска војна...

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека законот што го потпиша американскиот претседател Доналд Трамп, со кој се воведуваат нови санкции кон Русија, им ставил крај на надежите за подобрување на односите меѓу двете земји.
Медведев на Фејсбук напиша дека администрацијата на Трамп демонстрирала целосна слабост откако извршната власт ја предала во рацете на Конгресот на најдеградирачки начин.
Тој додаде дека на Русија ѝ е објавена трговска војна. Меѓудругото додаде и дека Русија нема да дозволи неодговорни непријателски акции и дека го задржува правото да преземе соодветни мерки.
