Лондон: Четворица осудени за планирање терористички напади

03.08.2017 10:31

Групата била откриена во заедничка акција на британската контраразузнавачка агенција и полицајци, кои преправени како бизнисмени, се инфилтрирале во милитантната исламистичка ќелија.

Четиричлена банда британски муслимани, кои себе си се нарекуваат „Мускетари“, се осудени од кривичниот суд во Лондон за подготвување терористички напади. Во текот на судењето, тие ги отфрлиле обвинувањата за тероризам, тврдејќи дека доказите им биле „подметнати“ од полицијата.

Групата била откриена во заедничка акција на британската контраразузнавачка агенција и полицајци, кои преправени како бизнисмени, се инфилтрирале во милитантната исламистичка ќелија.

Групата имала намера да изведе терористички напад во Велика Британија, користејќи експлозив или ладно оружје.