Градежни активности на патот Градско- Прилеп
03.08.2017 08:35
АМСМ им препорачува на учесниците во сообраќајот да ја почитуват поставената сигнализација за работа на пат и внимателно да управуват со своите возила.

На регионалниот пат Р106, патен правец Градско - Прилеп од 28 до 45 километар, од денеска до 12 август ќе има градежни активности - замена на еластична ограда.
АМСМ им препорачува на учесниците во сообраќајот да ја почитуват поставената сигнализација за работа на пат и внимателно да управуват со своите возила.
Воедно информира дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
