Поднесено обвинение за човекот кој ја влечеше Шеќеринска за коса
03.08.2017 11:57
Ќе одговора за насилство, дело за кое е предвидена затворска казна од 3 до 10 години.

Поднесено е обвинение против човекот кој на 27-ми април, за време на настаните во македонското Собрание, ја повлече за коса Радмила Шеќеринска. Ќе одговора за насилство, дело за кое е предвидена затворска казна од 3 до 10 години.
Обвинителството го товари дека врз пратеничката извршил грубо насилство, по што оштетената се здобила со тешка телесна повреди.
