Ји: Да не се креваат тензии на Корејскиот Полуостров
Пјонгјанг ја вознемири меѓународната заедница со брзината со која ја развива својата ракетна програма, а минатиот месец лидерот на таа земја Ким Јонг Ун изведе две проби на интерконтинентална балистичка ракета.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји побара од сите страни да не креваат тензии на Корејскиот Полуостров. Кина јасно ги осуди последното Севернокорејско ракетно тестирање.
Пјонгјанг ја вознемири меѓународната заедница со брзината со која ја развива својата ракетна програма, а минатиот месец лидерот на таа земја Ким Јонг Ун изведе две проби на интерконтинентална балистичка ракета.
Првата проба покажала дека ракетата има потенцијал да досегне до Алјаска, но за време на втората проба ракетата одлетала уште подалеку и можела да достигне до американскиот Западен брег.
