Македонија во портокалова фаза, температури над 40 степени
Според прогнозите, најтопло ќе биде за време на викендов кога максималната температура се очекува да достигне и 42 степена. УВ индексот ќе изнесува 9. Граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високи температури, велат лекарите.

Од денеска повеќе делови од Македонија ќе бидат зафатени со температура од портокалова фаза, соопшти УХМР. Според прогнозите, најтопло ќе биде за време на викендов кога максималната температура се очекува да достигне и 42 степена. УВ индексот ќе изнесува 9.
Граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високи температури, велат лекарите. Да се носи лесна и светла облека, да се внесува лесна храна, организмот да има добра хидратација, да се избегнува изложување на светлина и топлина од 11 до 17 часот, а хронично болните редовно да ја земаат својата терапија, препорачуваат лекарите.
Сончево и многу топло време се најавува до средината на следната недела.
