Мадуро го пролонгира конституирањето на Уставотворното Собрание

03.08.2017 12:42

Државната обвинителка Луиса Ортега, една од најголемите критичари на Мадуро, изјави дека отворила истрага за скандалозната изборна измама.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го пролонгира конституирањето на новото Уставотворно Собрание за 24 часа, додека во исто време британската фирма ангажирана за набљудување на гласањето објави дека владата ја фалсификувала бројката за излезност на изборите.

Државната обвинителка Луиса Ортега, една од најголемите критичари на Мадуро, изјави дека отворила истрага за скандалозната изборна измама.

Мадуро ги негира обвинувањата дека демократијата во Венецуела е загрозена со контроверзните избори за Уставотворното Собрание и ги оцени како „реакција на меѓународниот непријател“.