Таравари: Законот за јазиците ќе помине во првите сто дена на Владата
Посочи дека нема недоразбирања, нема потреба да ја напуштат Владата, бидејќи, како што рече, се координирани и тоа ќе помине.

Министерот за здравство Арбен Таравари, кој во владата го претставува Движењeто за реформи на ДПА, тврди дека Законот за употреба на јазиците ќе биде донесен во првите 100 дена од работењето на владата.
Како партија тоа што сме го кажале пред да влеземе во Владата, зборувам за Движење за реформи - ДПА, тоа сме го кажале и првиот ден кога ме назначија за министер и влеговме во Влада, тоа го кажуваме и сега дека тој закон ќе помине во првите сто дена на новата Влада на Република Македонија, рече Таравари.
Посочи дека нема недоразбирања, нема потреба да ја напуштат Владата, бидејќи, како што рече, се координирани и тоа ќе помине.
Според него, ако тие имаат одговорност за 36.000 гласови на Албанци, повеќе албански гласови од нив има СДСМ. Така што и тие имаат обврска колку и ние, а да не зборуваме за ДУИ кои имаат речиси двапати повеќе од нас. Сметаме дека тоа ќе помине. Има согласност од сите коалициски партнери да помине во првите сто дена, додаде Таравари.
