Кинеско изненадување на 1000 метри!
Прва сензација во брзото лизгање во Сочи, Хонг Жанг од Кина вечното седмо место на големите натпреварувања го искова во олимписко злато на 1000 метри.

Проценките велеа дека Жанг има квалитет за пласман меѓу најдобрите десет, но не и дека нејзините 1:14:02 ќе бидат недостижни за главните фаворитки, шампионката од Ванкувер Канаѓанката Несбит, двете Американки светската рекордерка Боуви и Ричардсон, најдобрата спринтерка и златна на 500 метри Корејката Ли, потоа Русинката Фаткулина и Холанѓанките кои ги собраа другите два медала. Најдоброто време на Жанг во кариерата на 1000 метри е само 19 стотинки послабо од олимпискиот рекорд.
Во лошиот ден на најдобрите сепак не се вклопи најсестраната лизгачка во моментов шампионката на 3000 метри Ирене Вуст која за среброто беше 67 стотинки побавна, додека Маргот Бур задоцни 88 стоти делови, но ја освои бронзата како и на 500 метри. Нема дисциплина од досегашните шест во Сочи во којашто претставниците на Холандија не се закитиле со медал, па од 18-те собраа 12 или вкупно 94 во олимписката историја во брзо лизгање.
