Ѓорчев: СДСМ да го поддржи предлогот за зголемување на платите за 5%
ВМРО-ДПМНЕ бара министерот за финансии Тевдовски, Владата и пратениците од СДСМ да го поддржат предлогот за зголемување на платите во јавниот сектор за пет проценти...

ВМРО-ДПМНЕ со повик до министерот за финансии Тевдовски, до Владата и до пратениците од СДСМ. Бара да го поддржат предлогот за зголемување на платите во јавниот сектор за пет проценти.
„Ветувањата на СДС со кои што дојде на власт за просечна плата од 30.000 денари подразбира секоја година, четири години по ред, секоја година платите да растат најмалку 10%. А, тука, кога имаме конкретен прв предлог, прв предлог на закон зголемување на платите од 5% тој прелог веднаш се одбива. Не е доцна. На комисијата за труд и социјална политика го изгласавме зголемувањето на платите. Ги надгласавме и прегласавме пратениците од СДСМ. Сега тој предлог ќе дојде на пленарна седница“, изјави Влатко Ѓорчев.
Додава- заеднички да се поддржи зголемувањето на платите во јавниот сектор и едноставно да има подобрување на економската состојба во Македонија, јавната потрошувачка и едноставно подобар животен стандард за граѓаните.
