ЕЛЕМ со добивка од 8,6 милиони евра во првата половина од 2017-та

03.08.2017 14:51

Менаџментот на компанијата соопшти дека нема неплатени доспеани долгови, а кредитот кон Светска банка бил предвреме вратен.

Државните Електрани на Македонија во првата половина од 2017-та оствариле нето добивка од 8,6 милиони евра, а депозитите во домашните банки надминале 20 милиони евра. Менаџментот на компанијата соопшти дека нема неплатени доспеани долгови, а кредитот кон Светска банка бил предвреме вратен.

ЕЛЕМ најави дека деновиве ќе објави аукција за продажба на вишок електрична енергија од околу 25 мегавати на слободниот пазар. На јавниот тендер за изградба на Топлификацијата за Битола и околните општини, претквалификација, се јавиле две заинтересирани странски компании, една германска и една австриска компанија.

Поради неповолната хидрологија, термоцентралите произвеле за 38% повеќе струја од планираното додека хидроцентралите реализирале само 54% од планот.