„Велт“: Пронајдена листа на потенцијални терористи

03.08.2017 16:10

Според весникот, листата е пронајдена во акција на ирачките командоси во текот на офанзивата за ослободување на Мосул.

Германскиот весник „Велт“ пишува дека во Ирак била пронајдена листа со имиња на 173 членови на групата Исламска држава, подготвени да извршуваат терористички напади во Европа. Според весникот, листата е пронајдена во акција на ирачките командоси во текот на офанзивата за ослободување на Мосул.

Освен имињата, листата содржи и фотографии на исламистите и податоци за местото на кое се наоѓаат. Повеќето од потенцијалните терористи потекнуваат од Ирак. Останатите се граѓани на Тунис, Мароко, Јордан, Таџикистан и Саудиска Арабија, а шестмина се родени во Белгија, Германија, Холандија и Франција.

Американските разузнавачки служби испратиле предупредување до полициските служби во европските земји.