Владата го усвои предлогот за измени на Законот за минималната плата од 12.000 денари
Ќе се овозможи исплаќање на иста висина на минимална плата за сите вработени во Република Македонија кои примаат минимална плата, а ќе се обезбеди и финансиска поддршка за фирмите од Буџетот на Република Македонија за да ја исплаќаат договорената повисока минимална плата.

Владата на Република Македонија синоќа на 19-тата седница го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата и со тоа ја започна законската процедура за зголемување на минималната плата на ниво од 12.000 денари.
Ќе се овозможи исплаќање на иста висина на минимална плата за сите вработени во Република Македонија кои примаат минимална плата, а ќе се обезбеди и финансиска поддршка за фирмите од Буџетот на Република Македонија за да ја исплаќаат договорената повисока минимална плата.
Како што соопшти владината прес-служба, усвоените измени на предлог законот, Владата во текот на денов веднаш ќе ги достави до Собранието на Република Македонија на разгледување и усвојување.
