ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја претвора Македонија во еколошка катастрофа
По пожарот во депонијата во Струга се појавија и повеќе пожари низ земјава кои се прошируваат до сериозни размери поради неспособноста и неодговорноста на владата.

СДС ја претвора Македонија во еколошка катастрофа, велат во ВМРО-ДПМНЕ. По пожарот во депонијата во Струга се појавија и повеќе пожари низ земјава кои се прошируваат до сериозни размери поради неспособноста и неодговорноста на владата.
Притоа, во соопштението на оваа партија се наведува огнената стихија во околината на Македонски Брод, која велат во ВМРО-ДПМНЕ, СДС не го згасна поради луксузните вечери со Каракачанов и средбите со амбасадорите.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува невладините организации предводени од Соросовата фондација конечно да почнат да се занимаваат со работи важни за здравјето на граѓаните во земјата.
