Пакети со експлозив во шест регрутни центри во Велика Британија
13.02.2014 17:42
Британската антитерористичка полиција денеска соопшти дека во најмалку шест воени регрутни центри...

Британската антитерористичка полиција денеска соопшти дека во најмалку шест воени регрутни центри во југоисточниот дел на земјата вчера добиле сомнителни пакети, а досега е утврдено дека два имале експлозив.
Пакетите пристигнале во регрутните центри во Алдершот, Четам, Брајтон, Оксфорд, Рединг и Слоу. Во центрите се испратени припадници на единиците за демонтирање на експлозивни направи.
Телевизијата „Скај њуз“ објави дека во центарите во Рединг и Чатам е утврдено дека станува збор за пакети со функционални експлозивни направи со помала моќ.
