Пожар во кулата „Факел“ во Дуаби

04.08.2017 11:13

Пожарот изутрината е локализиран а претходно успешно биле евакиурани сите жители на 86 катниот облакодер.

По втор пат за две години избувна пожар во кулата „Факел“ во Дуаби, во Обединетите Арапски Емирати. Пожарот изутрината е локализиран а претходно успешно биле евакиурани сите жители на 86 катниот облакодер.

Сѐ уште не се познати причините за пожарот на една од највисоките згради во светот. Нема повредени во кулата, извести владата во Дубаи на нејзиниот Твитер профил. Кулата беше зафатена од пожар и во 2015-тата година.