Бејли: Законот за јазици треба да биде дел од Рамковниот договор

04.08.2017 11:17

Тоа е важен договор и тој треба да остане во рамките на Охридскиот, поради обединување на општеството.

Американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, во изјава за Алсат- М вели дека Законот за јазици треба да биде дел од Рамковниот договор. Тоа е важен договор и тој треба да остане во рамките на Охридскиот, поради обединување на општеството.

Со тоа истовремено се зачувува и единството и заедничката цел на сите државјани на земјава, изјавил Бејли во интервјуто, по што нагласил дека очекува прифаќање од сите етнички заедници.