ССМ: Да се почитуваат препораките за топлото време
Се препорачува од работни обврски следните три дена, петок, сабота и недела, да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица над 60 години, работодавачите да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено од 11- 17 часот...

Сојузот на Синдикатите на Македонија апелира да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран и доследно да се применуваат од страна на работодавачите и институциите.
Напоменуваат оти е потребно од работа да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица над 60 години, а работодавачите да го реорганизираат работното време за да се избегнат активности на отворено од 11 до 17 часот.
„Работодавачот е законски должен да обезбеди соодветни услови кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците“– посочува Сојузот на Синдикатите на Македонија.
