Локализиран пожарот кај Матка

04.08.2017 11:55

Четири екипи на Противпожарната бригадата, вработени во „Паркови и зеленило“ и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување помогнале да се спречи ширењето на огнената стихија кон Водно.

Пожарот кај кањонот Матка е целосно локализаиран. Четири екипи на Противпожарната бригадата, вработени во „Паркови и зеленило“ и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување помогнале да се спречи ширењето на огнената стихија кон Водно.

На подрачјето на Град Скопје во моментов се активни два пожара. Гори шума во атарот на Студеничани и во селото Моране. И покрај застарените возила од Бригадата за противпожарната заштита велат дека се подготвени за интервенции. Во текот на летото дневно имаат по 20 повици.

Пожарот кај селото Требовље, Македонски Брод, што е активен десетина дена, се проширил кон општините Брвеница и Гостивар, во делот на селото Корита, информира Центарот за управување со кризи.

Активини пожари, според ЦУК, има во речиси сите делови на Македонија.