Најмалку 27 повредени при верижен судар во Германија

04.08.2017 11:36

Причина за несреќата било невреме проследен со пороен дожд.

Најмалку 27 лица биле повредени при верижен судир на 29 возила на автопат во јужниот дел на Германија. Според германската полиција, еден од повредните е во критична состојба.

Причина за несреќата било невреме проследен со пороен дожд. Поради судирот неколку часа бил во прекин сообраќајот на овој автопат во правецот кон Минхен.