Туск: Европската иднина на Полска е несигурна

04.08.2017 12:01

Туск, кој е поранешен полски премиер, рече дека ги разбира стравовите на Полјаците, за судовите и за иднината на земјата во Европска унија.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск смета дека европската иднина на Полска е несигурна. Туск, кој е поранешен полски премиер, рече дека ги разбира стравовите на Полјаците, за судовите и за иднината на земјата во Европска унија.

Владата на Туск и центристичката партија Граѓанска платформа, беше на власт осум години, а во 2015 година беше заменета од конзервативната популистичка партија Право и правда, предводена од Јарослав Качински, брат на загинатиот претседател Лех. Тој се залага за радикални реформи.

Дел од полјаците оценуваат дека судскиот систем е корумпиран и наликува на тој од комунистичката ера, додека други сметаат дека реформите на право и правда се обид за зацврстување на власта, со кои се нарушуваат демократските норми.