Уапсен програмерот што го блокира вирусот „Вонакрај“

04.08.2017 12:18

Американското министерство за правда соопшти дека Хачинс е упасен под обвинение дека заедно со соучесници ја изработил хакерската програма „Кронос“, чија цел се онлајн кражби од банкарски сметки.

Британскиот експерт за кибер безбедност Маркус Хачинс, кој успеа да го запре ширењето на вирусот „Вонакрај“, бил упасен во Лас Вегас. Американското министерство за правда соопшти дека Хачинс е упасен под обвинение дека заедно со соучесници ја изработил хакерската програма „Кронос“, чија цел се онлајн кражби од банкарски сметки.

Цел на нападите на „Кронос“ биле банкарските системи на Велика Британија, Германија, Канада, Полска и Франција.

Апсењето на хачинс следи неполни три месеци откако во мај успеа да го спречи вирусот „Вонакрај“, кој инфицира околу 300.000 компјутери во над 150 земји од целиот свет.