„Њујорк Тајмс“:Побегнатите од ирачките затвори стануваат радикали
Стотици борци кои успеале да избегаат од ирачките затвори сега се лидери и членови на радикалните сунитски групи кои се борат во Ирак и во соседна Сирија, објави „Њујорк тајмс“.

Затворениците се почесто бегаат од ирачките затвори по повлекувањето на американските војски од Ирак во 2011 година. И вооружените групи, пред се Исламска држава во Ирак и Левант, ги примаат избеганите затвореници и искусни борци.
Исламска држава во Ирак и Левант во периодот од јули 2012 до јули 2013 година, кога имаше голем број бегства од затворот Абу Граиб во близина на Багдад, во своите редови вклучи голем број затвореници.
„Њујорк тајмс“ цитирајќи американски претставници наведува дека неколку стотици избегани затвореници се приклучиле кој Исламска држава во Ирак и Левант, а дел од нив станале и лидери.
