Владата ќе го достави законот за минимална плата до Собранието
04.08.2017 13:12
Со одлуката ќе се обезбеди и финансиска поддршка на фирмите од Буџетот на Република Македонија.

Владата на вчерашната седница ги усвои законските измени за минималната плата што треба да достигне 12 илјади денари. Со одлуката ќе се обезбеди и финансиска поддршка на фирмите од Буџетот на Република Македонија.
Овој предлог на Владата ќе биде доставен и до Законодавниот дом. Минималната плата од 12.000 денари беше предизборно ветување на СДСМ и дел од нивната владина програма.
Издвоени се и десет милиони евра директна помош за земјоделците, а ќе се распише и оглас за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до три и над три хектари.
