ВМРО-ДПМНЕ: Судовите се инструмент во рацете на Заев

04.08.2017 13:28

Партијата бара одлуките да се носат исклучиво врз основа на позитивните законски норми.

ВМРО-ДПМНЕ бара судот да не потпаѓа под политички притисоци. Партијата бара одлуките да се носат исклучиво врз основа на позитивните законски норми.

„Законот ги штити судиите од притисок, судиите мора да бидат храбри и да не потпаѓаат под силата на заканата на неспособната влада на СДС која нема да трае долго. Потенцираме нема да трае долго, а секој кој врши притисок ќе одговара. Сите закани и притисоци кои СДС и Зоран Заев ги прават ќе поминат. Судот не смее да потпадне под заканите за разрешување на судии и нивен генерален реизбор, бидејќи тоа нема да се случи“, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.