Ракомет

Победа и толку!

13.02.2014 17:51

Нема опции, единствено и едноставно, мора да се победи дански Митјиланд.

Тоа е се што имаат на расплагање ракометарките на Вардар СЦБТ во третото коло во европско елитно случување Лигата на Шампиони.

Досега вардарки во друштвото осум, со домашна победа над Турингер и реми на гости во Шведска кај Савехоф, таман за прво место во групата 1. Целосен и сигурен успех значи, мора и треба да биде одбраната.

Очекувањата се вардарки и Митјиланд да се борат за првите две групни места, кои значат сигурна фајнел фор завршница. Оттука саботната пресметка и онаа потоа во Данска, ќе бидат клучни за одговорот кој во мај ќе патува за Будимпешта.