Осигурување: Зелениот картон преку либерализација да поевтини

04.08.2017 15:00

Зелениот картон да поевтини, предлагаат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Од оваа Агенција велат дека најмногу се продаваат осигурителните полиси за автоодговорност, а потоа имотното и животното осигурување.

Годинава трипроцентен раст забележува осигурувањето на имотите од природни катастрофи, земјотреси, поплави и пожари. Тоа придонесува за намалување на цената на осигурувањето, вели првиот човек на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Попоски. Земјава е мапирана како поднебје подложно на ризици од природни непогоди и голема е веројатноста во септември, вели тој, претставници на Светска банка и од Владата да ја промовираат идејата за „Осигурителен пул“, односно масовно осигурување на имотите од вакви ризици.

Граѓаните најмногу склучуваат полиси за автоодговорност. Се зголемува и бројката на каско осигурувања, вели Попоски. Зелениот картон за кој подолго време се смета дека е оптоварување на граѓаните и се плаќа дополнително односно како проширено осигурување од автоодговорност, Агенцијата предлага две решенија- либерализација на осигурувањето или воведување зелен картон како обврска за сите. Либерализиран пазар има во Хрватска и во Бугарија, на пример, кадешто просекот е 125 евра.

Попоски уверува дека дека во земјава се плаќа најниска цена на зелениот картон. Така што просекот во Македонија е 89 евра, во Србија 110 , во Босна и Херцеговина 145, во Црна Гора 150, а во Албанија 130 евра. Во земјава расте и бројот на полисите за животно осигурување.

 

Фиљана Кока