Северна Кореја: Санкциите на САД се кривично дело
04.08.2017 15:07
Во соопштението се посочува дека Северна Кореја најостро ги осудува и отфрла така наречените еднострани американски санкции.

Севернокорејското министерство за надворешни работи соопшти дека официјален Пјонгјанг смета дека најновиот американски закон, со кој се засилуваат санкциите кон Северна Кореја се кривично дело и дека со тоа директно се прекршуваат повелбата на Обединети нации и меѓународното право.
Во соопштението се посочува дека Северна Кореја најостро ги осудува и отфрла така наречените еднострани американски санкции.
Во средата американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се воведуваат дополнителни санкции кон Русија, Иран и Северна Кореја.
