ДИК е подготвена за локалните избори

04.08.2017 15:37

Посебниот избирачки список не е во сила, имаше важност до последните парламентарни избори...

Државната изборна комисија е подготвена за локалните избори. Усвоен е прирачникот за работа на општинските комисии.

„Подготвени сме да спроведеме избори согласно Изборниот законик и другите законски акти. Ние овие два месеца се фокусиравме на усвојување на најважните акти за да бидеме подготвени за локалните избори. Денеска на дневен ред е усвојувањето на прирачници за општинските изборни комисии и избирачките одбори“, изјави Субхи Јакупи од ДИК.

Посебниот избирачки список не е во сила, имаше важност до последните парламентарни избори- соопшти комисијата.