Продолжи расправата за стратегијата за бегалци
Опозицијата побара да се повлече нацрт- стратегијата за бегалци и странци со образложение дека државата треба пред се води грижа за сопствените граѓани, а потоа да обезбеди социјална и здравствена заштита на мирантите. Мнозинството со став- на беглаците треба да има озвоможат услови за нормален живот додека се со привремен престој во земјава...

Давањето државјанства на десетици илјади мигранти во Република Македонија и нивно трајно населување, со сигурност ќе предизвика сериозна дисторзија на пазарот на работна сила во земјата- предупредување од ВМРО-ДПМНЕ на продолжението на јавната расправа за предлог- стратегијата за интеграција на бегалци и на странци за наредниве десет години. Побараа стратегијата да се повлече.
Од владејачкото мнозинство, пак, со став дека овој документ е отворен за сугестии, дека тој служи како патоказ и нема обврзувачки акти кон кое било министерство или институција. Објаснуваат дека Македонија ја има ратификувано Конвенцијата за правата на бегалци од 1994 година и Протоколот од 1963 година, па според тоа е должна да им обезбеди социјална и здравствена заштита.
Од експертската јавност посочија дека стратегијата е само список на желби и добри намери како да им се помогне на мигрантите. Велат дека документот реално е неоставарлив зашто земјава нема ниту ресурси нити капацитет да ги згрижи бегалците.
Од Министерството за труд и социјална политика во документот посочуваат дека е неосновано тврдењето дека земјава ќе биде претворена во место за трајно населување на бегалците, туку само ќе се овозможат услови за привремената интеграција на бегалците во македонското општество.
Игор Панов
