Напад врз шпанската амбасада во Каракас
04.08.2017 16:21
Нема информации дали има повредени или пак материјална штета, а полицијата го истражува случајот.

Венецуелските власти соопштија дека Шпанската амбасада во Каракас била погодена со повеќе експлозивни направи од домашна изработка. Според обвинителството две лица на мотор фрлиле врз амбасадата повеќе направи, опишани како бензински бомби.
Нема информации дали има повредени или пак материјална штета, а полицијата го истражува случајот.
Венецуела се соочува со повеќемесечни протести и политичка нестабилност бидејќи претседателот Мадуро сака да го измени уставот.
