Тилерсон: САД и Русија можат да ги решат проблемите

07.08.2017 11:14

Тилерсон, кој учествува на форумот за регионална безбедност во Манила, по средбата со рускиот министер за надворешни Лавров, изјави дека Русија пројавила извесна волја за преговори, за да се пронајдат патиштата за решање на трнливиот проблем за Украина.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон рече дека САД се подготвени да соработуваат со Русија и дека не е потребно влошување на односите меѓу двете земји.

Тилерсон, кој учествува на форумот за регионална безбедност во Манила, по средбата со рускиот министер за надворешни Лавров, изјави дека Русија пројавила извесна волја за преговори, за да се пронајдат патиштата за решање на трнливиот проблем за Украина.

Тилерсон додаде дека САД на 1-ви септември ќе одговорат на одлуката на Москва за значително намалување на бројот на американските дипломати во Русија.