Во Скопје викендов 25 сообраќајни несреќи
07.08.2017 11:42
Санкционирани се вкупно 72-ца возачи. Возеле пребрзо, под дејство на алкохол, не ги почитувале сообраќајните правила и минувале на црвено, а дел не користеле сигурносен појас и разговарале на мобилен телефон.

Внимателно во автомобилите на екстремно високите температури. Само во Скопје во изминативе три дена се регистрирани 25 сообраќајни несреќи. Повредени се 23 лица, од кои двајца потешко.
Санкционирани се вкупно 72-ца возачи. Возеле пребрзо, под дејство на алкохол, не ги почитувале сообраќајните правила и минувале на црвено, а дел не користеле сигурносен појас и разговарале на мобилен телефон.
Од СВР- Скопје информираа дека имало и такви кои управувале автомобил без возачка дозвола или нерегистрирано возило.
